Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со 4:3 во големото Ел Класико во неделата и сега треба само и формално да ја обезбедат титулата во шпанското првенство. На ова Ел Класико клубот исто така постави и еден рекорд.
Каталонските медиуми објавија дека последното Ел Класико донесе рекордна заработка за Барселона кога е во прашање организацијата на самиот натпревар.
Барселона заработи неверојатни 13,8 милиони евра од продажба на билети и ТВ-права за натпреварот на стадионот „Монжуик“.
Ова е резултат и на одличната одлука на челниците на шпанското првенство мечот да се игра во попладневен термин, поточно во 16:15 часот, што им овозможи на навивачите да го следат од сите страни на светот.
Каталонците велат дека ова е убедливо најголемата заработка кога станува збор за домашни натпревари во историјата на клубот и Ел Класико.
На стадионот беа присутни 50.318 гледачи, а Барселона славеше со головите на Ерик Гарсија, Ламине Јамал и двата погодоци на Рафиња. Килијан Мбапе постигна хет-трик за Реал.
На три кола до крајот, Барселона на табелата има седум бода повеќе од Реал Мадрид.