На Ел Класико, Винисиус му се фалеше на Гави, а сега сите му фаќаат сеир: „Во понеделник ќе бидам со Златната топка“

Шпанскиот репрезентативец и член на Манчестер сити, Родри, ја освои Златната топка која се доделува на најдобриот фудбалер во изборот на „Франс фудбал“ и УЕФА. За Родри ова е прво вакво признание, а зад него остана Бразилецот Винисиус јуниор, кој важеше за главен фаворит за трофејот, но на крајот заврши втор.

Винисиус, но и целиот тим на Реал Мадрид го бојкотираа синоќешниот извор и не се појавија на гала-свеченоста. А, многу беше уверен Винисиус дека ќе биде најдобар, па на последниот меч на Реал, а тоа беше Ел Класико против Барселона, Бразилецот дури и на противниците им се фалеше дека тој е човекот за Златна топка и дека не е загрижен што неговиот тим губеше убедливо на дуелот во Мадрид.

Пред крајот на средбата, Винисиус влезе во вербален конфликт со Гави, а играчот на Барселона го провоцираше фудбалерот на Реал покажувајќи дека е 4:0. Винисиус никако не остана покусо, па му се внесе на Гави в лице и му се пофали дека тој е човекот што ќе ја освои Златната топка.

https://twitter.com/i/status/1850286236432261556

„Да, ама во понеделник јас ќе бидам со Златната топка“, му викаше Винисиус на Гави. Сега Винисиус не само што се посрамоти на Ел Класико поради поразот од 0:4 во Мадрид, туку фановите му фаќаат сеир и поради неговата убеделност дека е најдобриот фудбалер на светот и дека ќе ја добие Златната топка, но на крајот тоа не се случи.

По недобивањето на наградата, Винисиус се огласи преку социјалните мрежи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести