Бразилскиот напаѓач Ендрик постигна три гола во победата на Лион над Мец од 5-2.
Тоа се први голови на Ендрик на неговиот втор настап во француската Лига 1, а вкупно има четири голови на три меча за Лион.
Откако Ендрик дојде во Лион како позајмен од Реал Мадрид, тимот реди само победи. Ендрик кој се надева на повик од селекторот Карло Анчелоти за настап на Светско првенство, даде гол и на дебито за Лион, во Купот на Франција.

