На ЕП до 21 година ќе настапат 17-мина фудбалери чија вредност изнесува најмалку 30 милиони евра

Европското првенство до 21 година кое започна вчера ќе биде полно со млади фудбалери кои уште сега имаат голема вредност на трансфер-пазарот.

Ова ЕП е важно за репрезентациите бидејќи претставува и квалификации за настап на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Париз, па поради тоа голем дел од репрезентациите настапуваат со најдобрите играчи во оваа старосна категорија.

Според специјализираната интернет-страница за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“, 17-мина фудбалери се проценети на 30 или повеќе милиони евра.

Најмногу, пет се Французи, четворица се Англичани, а двајца се Италијанци и Шпанци. По еден фудбалер има од Германија, Холандија, Португалија и Украина.
Токму Украинец е најскап фудбалер кој игра на ова ЕП, тоа е Михајло Мудрик од Челзи.

Михајло Мудрик (Украина – Челзи) – 60 милиони евра
Сандро Тонали (Италија – Милан/Њукасл) – 50 мил
Џорџо Скалвини (Италија – Аталанта) – 40 милиони евра
Ентони Гордон (Англија – Њукасл) – 40 милиони евра
Емил Смит-Роу (Англија – Арсенал) – 38 милиони евра
Харви Елиот (Англија – Ливерпул) – 35 милиони евра
Амин Гури (Франција – Рен) – 35 милиони евра
Џејкоб Ремзи (Англија – Астон вила) – 32 милиони евра
Кефрен Турам (Франција – Ница) – 32 милиони евра
Педро Нето (Португалија – Вулверхемптон) – 32 милиони евра
Рајан Гравенберх (Холандија – Баерн) – 30 милиони евра
Јусуфа Мукоко (Германија – Борусија Дортмунд) – 30 милиони евра
Морган Гибс Вајт (Англија – Нотингам) – 30 милиони евра
Оихан Сансет (Шпанија – Атлетик Билбао) – 30 милиони евра
Габри Веига (Шпанија – Селта Виго) – 30 милиони евра
Пјер Калулу (Франција – Милан) – 30 милиони евра
Ману Коне (Франција – Бор. Менхенгладбах) – 30 милиони евра

- Оглас -

Најнови вести