На Ериксон ќе му се исполни желбата да го води Ливерпул

Ливерпул и официјално потврди дека Свен-Јоран Ериксон ќе има можност да ги води Црвените, и тоа на хуманитарниот меч помеѓу легендите на Ливерпул и Ајакс на 23 март на „Енфилд“.

Ериксон, кому му е дијагностициран рак и изјави дека му остана не повеќе од една година живот, мечтаеше да може барем еден ден да биде тренер на Ливерпул и таа желба ќе му се исполни. Јирген Клоп исто така изрази поддршка.

Покрај Ериксон, на клупата на Ливерпул ќе бидат и клупските легенди Ијан Раш, Џон Барнс и Џон Олдриџ.

Во составот на Ливерпул ќе бидат многу некогашни ѕвезди, како: голманот Јежи Дудек, напаѓачот Џибрил Сисе, во одбраната Мартин Шкртел, а Холанѓанецот Рајан Бабел ќе игра и за Ливерпул и за Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести