На Халанд не му оди кога е стартер – Четири горчливи аспирини за Борусија Дортмунд

Ерлинг Бро Халанд за првпат беше стартер за Борусија Дортмунд и не успеа да ја продолжи серијата голови на меч што беше вистински фудбалски празник, а го доби Баер Леверкузен со 4:3.

Норвежанецот имаше постигнато 8 гола за 182 минути игра и тоа на четири меча како резерва, а вечерва за првпат почна меч за Милионерите и не успеа да ја затресе мрежата.

Дербито во Бундеслигата понуди одличен фудбал, многу голови и пресврти и еден еврогол на Емре Џан. Германскиот репрезентативец постигна прекрасен погодок во 33. минута против својот поранешен тим, во тој момент за предност на Борусија од 2:1, но Баер не се предаде.

Воланд израмни со вториот погодок на мечот, за нерешено 2:2 по првото полувреме. Голеадата продолжи и во вториот дел. Повторно Борусија поведа со погодок на Гереиро во 65. минута, но гостите беа нокаутирани со два гола во финишот на мечот.

Бејли беше прецизен за 3:3 во 81. минута, а Бендер само 60 секунди подоцна стави печат на гол-шоуто на „Бај арена“ за голема победа на Баер од 4:3.

Во истиот термин од 18.30 во мечеви од Ла Лига и од Премиерлигата Валјадолид и Вилјареал ремизираа 1:1, а со ист резултат заврши и мечот меѓу Брајтон и Ватфорд.

- Оглас -

Најнови вести