Џам гол на Емре Џан (Видео)

Емре Џан го постигна деби голот во дресот на Борусија Дортмунд, а погодокот во 33. минута на „Бај арена“ во Леверкузен е вистинско ремек-дело.

Герамснкиот репрезентативец упати вистинска бомба од огромна далечина, а топката во лак падна зад грбот на Лукаш Храдецки.

https://twitter.com/PremLeaguePanel/status/1226205720812584961?s=20

Џан пристигна во зимскиот преоден рок во редовите на Борусија Дортмунд како позајмен играч од Јувентус, а со гол за популарните „милионери“ дебитираше токму на стадионот каде ја почна професионалната кариера.

Џан играше за Баер Леверкузен во сезоната 2013/14 што му беше и сефте настап во Бундеслигата, а потоа се пресели во Ливерпул, па во Јувентус.

По првото полувреме на дербито меѓу Баер и Борусија резултатот е 2:2. Два гола за домаќините постигна Кевин Воланд, а стрелци за Борусија се Хумелс и Џан.

- Оглас -

Најнови вести