НБА-лигата го истражува случајот со неодамнешната посета на Џејмс Харден на еден стриптиз-бар, па можно е на Брадата да му биде изречена суспензија и тој да не може да настапи вечерва на дуелот на Хјустон рокитс против Оклахома сити тандер.
Харден ги прекрши протоколите на НБА (на играчите им е забрането да излегуваат во барови, клубови, ниту да учествуваат во собири на кои има повеќе од 15 луѓе), а снимките од стриптиз-барот, се гледа дека Харден е во поголемо друштво и не носи маска.
The video of James Harden at the strip club
(Via @BSO ) pic.twitter.com/4LHIthYhxH
— NBA Central (@TheNBACentral) December 23, 2020