На Хоџсон му се слоши на тренинг, па Кристал палас му врачи отказ

Најстариот тренер во историјата на Премиер лигата, Рој Хоџсон, нема да биде повеќе дел од Кристал палас откако клубот денес му врачи отказ. На 76-годишниот стратег му се слошило на денешниот тренинг, но од раководството на клубот велат дека отказот е поради лошите резултати, а не поради влошената здравствена состојба на искусниот стратег.

Од Кристал палас информираа дека е откажана и редовната прес-конференција, а играчите и персоналот во клубот се вознемирени од денешната случка.

Раководството веднаш реагираше и на негово место го постави Австриецот Оливер Глазнер, кој во 2022 година дојде до трофејот од Лигата на Европа со екипата на Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести