Играчот за врска на Тотенхем Ив Бисума е жртва на измама по која остана без 950.000 евра, а сето тоа поврзано со спорни трансакции на банкарската сметка. На Бисума во последните месеци не му оди ниту на теренот, ниту надвор од него.
Се бореше со неколку повреди, а потоа не успеа да се врати во стартниот тим на Тотенхем. Едноставно Бисума ја изгуби довербата кај тренерот на Тотенхем и повеќе е на клупата отколку што игра, а имаше и многу проблеми и надвор од теренот.
Порано оваа година, во Кан му беше украден часовник вреден околу 300.000 евра, а сега е обвинет за сериозна измама поради која изгуби 950.000 евра од неговата банкарска сметка.
Според британските медиуми, на Бисуми наводно му „исчезнале“ 950.000 евра од неговата ВИП банкарска сметка во Coutts Bank. Загубите се случиле помеѓу септември 2022 и јуни 2024 година.
Yves Bissouma had more than £800,000 “stolen” in an alleged fraud from his VIP Coutts bank account#THFC [The Sun] pic.twitter.com/4WuApR8gKj
— The Spurs Web (@thespursweb) November 6, 2025
Извесен Морис Гомес е обвинет за сето ова, и е уапсен откако играчот поднел жалба. Гомес е обвинет за две обвиненија за измама со лажно претставување, и доколку биде осуден, се соочува со затворска казна до 10 години.
Судските записи, до кои дојдоа британските медиуми, покажуваат дека Гомес наводно „нечесно“ ги префрлил парите на Бисума без знаење или согласност од играчот на Тотенхем.
Врската на човекот со Бисума, кој заработува околу 60.000 евра неделно во Тотенхем, е непозната и не е јасно како Гомес можел да пристапи до сметката на Бисума. Обвинетиот, кој живее во куќа со шест спални соби вредна 1,6 милиони евра во Енфилд, денес треба да се појави пред Прекршочниот суд Хајбери Корнер.

