На Јувентус му понудија да се преигра мечот на кој Старата дама беше оштетена

Не стивнуваат реакциите по дуелот Јувентус – Салернитана, кој на крајот заврши 2:2. Гостите водеа со 2:0, а Јувентус прво намали на 1:2, а потоа со гол во 90+3 минута стигна до 2:2.

Старата дама даде и трет гол и тоа во 90+5 минута, но наместо голема радост за домашните фанови, се случи разочарување кога главниот судија по консултација со ВАР-системот, реши да го поништи погодокот поради офсајд.

Сепак, дека и ВАР-системот може да згреши се покажа во оваа ситуација, кога неправилно се проверуваше и арбитрите заборавија дека еден гостински фудбалер (Кандрева) е најблиску до гол-аут линијата, што значи дека Бонучи не бил во офсајд. Целиот хаос може да го видите ТУКА.

По констатирањето дека е направен превид и со ВАР-прегледувањето, реагираше претседателот на Салернитана, Данило Јерволино, кој изјави дека ќе му понуди на Јувентус мечот да се преигра.

„Ако Јувентус сака да се преигра мечот, тоа за нас нема да ни претставува проблем“, рече првиот човек на Салернитана.

По ова реми, Јувентус има 10 бода и е на осмото место на табелата, додека Салернитана е на 10-тата позиција со седум бодови.

- Оглас -

Најнови вести