Фудбалерите на Келн можат да здивнат по победата од 5:1 против Кил во реванш мечот од германскиот бараж за последното место во Бундеслигата идната сезона.
Популарните Јарци пристигнаа на гости кај второлигашот со негатива од 0:1 по првиот меч што го загубија на домашен терен, но одиграа брилијантно прво полувреме.
Гостите постигнаа дури четири гола за 39 минути во првото полувреме вечерва, а стрелци беа Хектор, двапати Андерсон и Чичос, па предноста од 4:1 ја задржаа и зголемија до крајот на реваншот и останаа во Бундеслигата. Стрелец на последниот гол за Келн беше Шкири во 84. минута.
Почесниот гол во вториот меч денеска за Кил го постигна Ли Јае-Сунг, но тоа беше недоволно, заедно со победата од 1:0 од првиот меч да станат членови на најсилната германска лига.