Италијанецот Федерико Кјеза би можело уште во јануари да се врати во родната земја и во Серија А. Според шпекулациите на „Тутоспорт“, Интер сака да го земе Кјеза на позајмица од Ливерпул, со можност да го откупи по завршувањето на сезоната.
Крилниот напаѓач на крајот на август се пресели во Ливерпул од Јувентус, но можно е зимава да го облече дресот на италијанскиот првак.
Кјеза, кој има 27 години, одигра само три меча за Ливерпул, по еден во Лигата на шамионите, Премиер лигата и Лига купот, но потоа се повреди и веќе два месеца е во аут. Договорот со Црвените му е до 30 јуни 2028 година.