На Клоп нема да му се допадне ако Кутињо се врати во Премиерлигата

Откако Барселона кажа која е цената која ја бара за Кутињо (110 милиони фунти), прв заинтересиран клуб кој се јави за неговите услуги е Арсенал, но „топчиите“ би сакале Бразилецот да игра за нив како позајмен играч, со можност да го откупат следното лето.

Челниците на Арсенал веќе закажале состанок со управата на Барса, на кој тема ќе биде позајмицата на Кутињо, за кого ќе нема место во почетниот состав на каталонците. Арсенал летово многу пари потроши на Николас Пепе и веќе е во минус, па финансискиот ферплеј не му дозволува уште едно скапо засилување, и затоа бара позајмица.

Кутињо дојде во Барселона во јануари 2018 година од Ливерпул. Тој во дресот на „црвените“ блескаше, беше најдобар играч во Премиерлигата, па затоа ако прејде во Арсенал, тоа не би им се допаднало на европските шампиони кои сега би против себе би имале таков квалитетен играч, кој ако добие слобода во Арсенал, може да биде многу опасен.

- Оглас -

Најнови вести