На Кодро му се повтори историјата, повторно е сменет само по два меча како селектор

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина денеска ја прекина соработката со селекторот Мехо Кодро, кој тимот го водеше само на два меча, со Лихтенштајн (победа од 2-1) и Исланд (пораз од 0-1).

Интересно е дека Кодро по вторпат во тренерската кариера беше селектор, и во двата случаи (првиот пат во 2008 година, кога едниот од дуелите му беше со Македонија) беше сменет само по два натпревари на клупата на Змејовите.

- Оглас -

Најнови вести