На Копа Америка нема продолженија, веднаш се оди на пенали, треба ли и во Европа да се примени ова?

Континенталните фудбалски првенства на европско и американско тло кои се во тек во моментов се разликуваат по еден многу важен детаљ од фудбалските правила.

На ЕП во нокаут-фазата се играат продолженија од двапати по 15 минути во случај на нерешено по 90 минути, па ако и тогаш нема победник, се преминува на пенали, а на Копа Америка нема продолженија, ако е нерешено по регуларниот дел, веднаш се оди на пенали.

Правилата на УЕФА долго време се непроменети, а продолженијата традиционално, и според прописите, се составен дел од турнирот.

Но, на јужноамериканскиот континент, во рамките на организацијата КОНМЕБОЛ, важат други правила.

За многу љубители на фудбалот тоа е подобро решение од продолженијата, па пенали бидејќи носи атрактивност без темпото на мирување кое вообичаено го гледаме за дополнителниот половина час. Играчите само се мачат нови 30 минути, без преголем ефект. На ЕВРО само еднаш (Шпанија против Германија) падна гол во екстра времето и се избегнаа пенали.

Но, на Копа Америка немањето продолженија важи само за четвртфиналето, полуфиналето, како и за мечот за трето место. За финалето, исто како во Европа, во случај на реми по 90 минути, ќе се играат продолженија.

 

- Оглас -

Најнови вести