Освен возбудувањата на Европското првенство, од пред неколку дена започна и Копа Америка, каде за трофејот се борат најдобрите репрезентации од Јужна Америка, плус поканетите гости од Средна и Северна Америка.
Според динамиката на постигнување на погодоци, ЕП е поинтересно, но сепак според жарот на играта и страста која се покажува, нема дилеми дека Копа Америка е на прво место.
Ноќеска Еквадор иако беше фаворит, загуби од Венецуела со 1:2, а клучен момент на мечот беше црвениот картон што го доби Енер Валенсија. Искусниот голгетер на Еквадор во една ситуација пред противничкиот гол, наместо да ја удри топката, директно со копачката удри во телоти и лицето на противникот.
Стартот беше застрашувачки, а судијата беш размисливање го исклучи Валенсија од игра. Со играч помалку Еквадор не можеше да парира на Венецуела и загуби, а секако најголемата вина за овој пораз оди на сметка на Валенсија и неговиот непромислен потег.
Enner Valencia just threw away an easy win for Ecuador with an asinine attempt to go for the rebound off the Kendry Páez's saved shot…pic.twitter.com/U8H4EypNID
— Football Report (@FootballReprt) June 22, 2024