На „крилјата“ на голманот Митревски, Еурофарм Пелистер ја победи Висла Плоцк

Еурофарм Пелистер славеше над екипата на Висла Плоцк со 21:18 (12:10)  во меч од десеттото коло од ракометната Лига на шампиони. Оваа победа е многу важна за Пелистер бидејќи битолчани сега имаат шест бода и се искачија на шестото место на табелата, кое е последното што носи пласман во осминафиналето од елитното натпреварување. Висла Плоцк сега падна на седмото место со четири бода, а Фредерика е последна само со три бода.

Гостите поведоа со 1:0, а потоа Пелистер со три гола во низа го презеде водството. Потоа двата тима се менуваа во водство, беше 10:10, а во финишот битолчани со два гола стигна до 12:10 на полувреме.

Во вториот дел Пелистер започна фуриозно, постигна уште три гола и имаше највисока предност од пет гола (15:10). Потоа затаи нападот на Пелистер, но затоа фантастична беше одбраната на чело со голманот Никола Митревски. Во 17 минути игра во вториот дел, Висла постигна само еден гол, па во 47-мата минута резултатот беше 16:11.

Висла стигна до два негатива, 20:18, но голманот Никола Митревски, кој имаше 13 одбрани, со уште една херојска интервенција ги откажа гостите да се понадеваат дека може да останат непоразени.

- Оглас -

Најнови вести