Четирикратната освојувачка на гренслем-турнирите и поранешна тенисерка број еден во светот, Аранча Санчес-Викарио, минува низ најтешките моменти во својот живот. Во Барселона започна нејзиното судење под обвинение за перење пари и затајување данок, за што ѝ се заканува затвор од четири години.
Таа е обвинета дека должи осум милиони евра данок на банка од Луксембург, пари кои требало да ги плати нејзиниот сопруг, кој ја убедувал дека тоа го сторил на време.
„Издржувам две деца и финансиски ми помагаат моите пријатели. Половина од тоа што го заработив во кариерата морам да го дадам за долгот. Многу ми е тешко, но морам некако да си го средам животот“, вели Санчес-Викарио.