-0.2 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

Летоска се мислеше дека Црвените ќе бидат незапирливи, а тие губат ли губат

Ливерпул има дури девет порази на последните 12 натпревари, а во последните четири дена беше декласиран и прими вкупно 7 гола од Нотингам форест и ПСВ Ајндховен.

Ова е шокантно и прашање е раководството на клубот до кога ќе име трпение со менаџерот Арне Слот. Во својата прва сезона на клупата на Црвените Слот имаше голем успех, на доминантен начин ја освои Премиер лигата, а летоска побара засилувања на повеќе позиции, ги доби, беа платени премногу пари, се направија рекордно скапите трансфери на Флоријан Вирц и Александер Исак, а не беа евтини ни Етиките, Фримпонг, Керкез. Се мислеше дека ќе бидат „дрим-тим“, а сега се за потсмев.

Не функционираат ни во напад ни во одбрана, делуваат нефункционално.

Девет порази на 12 натпревари е нивната најлоша низа на клубот уште од ноември 1953 до јануари 1954 година! Покрај тоа, за првпат од септември 1992 година наваму Ливерпул прими три или повеќе гола во три последователни натпревари во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести