На легендарниот „Де Кујп“ како во Тетово, инвазија и на навивачите на Феенорд (Видео)

Навивачите на Шкендија познати како „Балисти“ приредија инвазија на трибините на стадионот во Тетово и го прекинаа мечот меѓу Шкендија и Шкупи, кој потоа се доигра и заврши нерешено 1:1, а истото го сторија и симпатизерите на Феенорд на дуелот со РКЦ Валвајк во последното коло од холандското првенство.

И покрај забраната за навивачи на трибините двете навивачки групи го пробија кордонот на луѓето задолжени за обезбедување и се појавија на двата стадиони.

На легендарниот „Де Кујп“ во Ротердам играчите на Феенорд мораа да им аплаудираат на своите навивачи за да се смират, откако испалија цел арсенал запаливи средства на стадионот.

Феенорд го победи РКЦ Валвајк со 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести