На Левандовски ќе му извадеа око, па даде гол со кој стана втор бундеслигашки стрелец во историјата (Видео)

Баерн Минхен беше убедлив на гостувањето кај Вердер и победи со 3-1, а третиот гол кој го даде Роберт Левандовски, за Полјакот беше 32-ри сезонава. За Левандовски тоа е вкупно 268-ми погодок во Бундеслигата, со што се изедначи со Клаус Фишер на второто место на вечната листа на стрелци. Води легендата Герд Милер со 365 голови во германската прва лига.

На Левандовски не му беше тешко да даде гол од позицијата од која ја затресе мрежата, а интересно е што тој во првото полувреме играше со едни, а во второто полувреме со други копачки, од разлилни производители на спортска опрема. Се покажа дека повеќе среќа имаше со црвените отколку со жолтите копачки.

https://twitter.com/i/status/1370770555775881217

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести