Лионел Меси во 2022 година купи земјиште на шпанскиот остров Ибица од швајцарски бизнисмен, а потоа и изгради луксузна вила на 19.000 метри квадратни во која инвестира 11 милиони евра.
Сепак, тука започнуваат проблемите за Аргентинецот. Општинските власти го обвинија дека градел без дозвола, и тоа во заштитено подрачје, и му се закануваат со целосно или во најдобар случај, делумно рушење на објектот.
На социјалните мрежи е објавено видео како изгледа внатрешноста на вилата, но Аргентинецот сè уште не може да се всели. Активистите за заштита на животната средина постојано организираат протести против градбата и бараат нејзино рушење.