19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

На Ливерпул му требаат уште две победи за да направи едно чудо

Со 23 победи и едно реми од 24 одиграни меча во првенството, Ливерпул испишува историја во англиската Премиер лига. Гигантот од „Енфилд роуд“ досега освои 70 бодови, а ако продолжи во ист ритам, ќе постави рекорд во историјата на англискиот фудбал.

Иако е уште јануари, Ливерпул е на прагот за и официјално да си има обезбедено место во Лигата на шампионите за следната сезона. Во Англија првите четири екипи на табелата се со место во елитната европска лига. Доколку Ливерпул успее да ги добие следните два меча, може да се случи до крајот да ги губи сите средби и пак ќе има место во Лигата на шампионите.

Веќе утре Ливерпул пред своите навивачи во дуелот против Саутхемптон ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и да постави подвиг уште во првата половина на февруари да си биде сигурен во ЛШ за наредната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести