На Лукаку, осминафиналињата во Лига Европа му се кошмар

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, се надева дека вечерва со Интер конечно ќе го разбие малерот кој го бие во осминафиналните рунди од Лига Европа. Лукаку во својата кариера, никогаш не успеал со своите тимови да се најде во четвртфинале на ЛЕ, и после две елиминации, верува дека третиот обид ќе биде среќен.

Интер во Гелзенкирхен ќе се сретне со Хетафе, се игра еден меч во кој италијанскиот тим е фаворит, но тоа треба да го докаже на терен. Лукаку има лоши искуства со осминафиналето и сигурно ќе биде мотивиран да го разбие малерот.

Лукаку дебитираше за Антверпен со 16 години и 127 дена, а во септември 2009 година во дресот на Андерлехт го постигна својот прв гол на европска сцена и тоа против Динамо Загреб. Во 2010 година, тој во осминафиналето испадна од Хамбургер, а пет години подоцна од Динамо Киев. Еве сега пак после пет години е во осминафиналето. Целта на Лукаку и Интер е што подолго да останат во Германија, и да стигнат до финалето на 21 август во Келн.

- Оглас -

Најнови вести