Кај Хаверц игра во топ-форма за Челзи, клубот што сега има големи пробпеми, а со гестот и фантастичната реакција, Германецот дополнително ги освои срцата на навивачите на европскиот првак.
Челзи е во статус кво ситуација со многу забрани и рестрикции поради сопственикот Роман Абрамович, па дури е доведено во прашање и гостувањето во Мидлсборо за четвртфиналето во ФА купот на Англија.
Хаверц веднаш реагираше и објави дека тој ќе плати за патувањето до Мидлсборо ако е потребно тоа.
Kai Havertz on Chelsea not being able to fly to Middlesbrough for their FA Cup game on Saturday: pic.twitter.com/eSLh9Jp0Ua
— B/R Football (@brfootball) March 15, 2022
Реакцијата на германскиот репрезентативец ја враќа вербата кај навивачите на Челзи дека клубот кој е шесткратен шампион на Англија, но и двоен европски првак ќе ги прегрми тешките времиња.
Британската влада го изолира Роман Абрамович, кој не смее да влезе во Англија, а за Челзи донесе план, или таканаречени „руски мерки“, со кои воведе рестрикција во финансиското раковедење со клубот.
До 31 мај, до кога ќе важат мерките, Челзи не смее да потроши повеќе од 20 илјади фунти за патувања за натпреварите на гостински терен, не смее да продава билети за домашните мечеви, а може само да исплаќа плати и задолжителните рати за претходните трансфери на фудбалерите.
Сите пари што по истиот основ, рати за трансфери ќе пристигнат на сметка на клубот, ќе бидат веднаш замрзнати, што го отежнува функционирањето на Челзи.
Абрамович веќе објави дека ќе го продаде клубот, понуди има, а цената е околу 3 милијарди евра.