Ја освојуваат Премиер лигата – Њукасл ќе му биде братче на Челзи, Саудијци ќе го купат и европскиот првак

Корпорацијата „Сауди Медија груп“ од Саудиска Арабија е многу блиску до преземање на Челзи, а понудата од нив за Роман Абрамович е 2,7 милијарди евра за купување на актуелниот европски првак.

Абрамович објави дека клубот се продава за 3 милијарди евра, но би прифатил и пониска сума за побрзо да го продаде клубот.

Рускиот сопственик на Челзи имаше многу проблеми со Британската влада, која му забрани влез во Англија и му го замрзна имотот, па моментно клубот го предводи хуманитарна фондација.

Лани Јавниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија, ПИФ, го купи Њукасл за 300 милиони фунти, па ако се остварат најавите од англиските медиуми и се прифати понудата на „Сауди Медија груп“ за Челзи, актуелниот еврпски првак би бил вториот клуб во Премиер лигата во сопственост на корпорација од Саудиска Арабија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести