На Македонија ѝ треба поддршка – Против Словаците ќе играме со присуство на публика

Македонската кошаркарска репрезентација загуби вчера од Швајцарија со 62:67 во првиот меч од претквалификациите за настап на Мундијалот во 2023 година, но утре ќе имаат дополнителен адут за прва победа против Словачка.

Дозволено е во салата „Борис Трајковски“ да има публика на трибините и се очекува дозволениот капацитет од 30 проценти да биде исполнет, односно на трибините да има околу две илјади навивачи.

Тоа ќе значи потстрек за избраниците на селекторот Драган Бајиќ во обид да ја победиме Словачка и да се вратиме во игра за настап во квалификациите за СП што во 2023 година ќе го организираат Јапонија, Филипини и Индонезија.

Денеска во „Борис Трајковски“ во Скопје ќе играат Швајцарија и Словачка, а трите репрезентации ќе играат во нашиот главен град по двокружен систем, односно ќе играат по двапати меѓусебе.

 

- Оглас -

Најнови вести