На Македонија ѝ треба уште еден фантастичен меч против фаворитот

Македонската футсал репрезентација вечерва од 19 часот во „Јане Сандански“ игра против Србија, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Србија е фаворит на овој меч, но нашите футсалци пред само четири дена на гостувањето во Врање покажаа дека може рамноправно да се борат со селекцијата која е на осмото место на европската футсал ранг листа и дуелот заврши 1:1.

По три одиграни меча, Македонија е во борба за вторто место кое води на континенталниот собир. Нашата селекција има два бода, колку што имаат и Србија и Романија, додека селекцијата на Босна и Херцеговина е убедлив лидер со максимални девет бодови.

За да ги задржиме реалните шанси за второто место, избраниците на селекторот Васко Скендеровски вечерва не смеат да загубат. Според Скендеровски ова е можеби најважниот меч во нашата футсал историја.

„На овој меч мора да влеземе со ладна глава и со добра, пред сѐ тактичка поставеност на играта да го надмудриме поквалитетниот и посилен противник од нас”, вели Скендеровски.

- Оглас -

Најнови вести