На Марсело не му е лесно, по четврти пат мораше да ја менува тетоважата (видео)

Марсело ја заврши 15-годишната авантура во Реал Мадрид со двојна круна и петта титула во Лигата на шампионите во неговата кариера, по што мораше да направи промени на неговото тело.

Станува збор за неговата тетоважа на левиот бутен мускул, каде што ги реди датумите на сите освоени титули во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Оваа традиција ја започна во сезоната 2013/14, кога Кралевите ја освоија десеттата европска круна. Продолжи во 2016, 2017 и 2018 година, а сега го додаде и последниот датум на кој Реал се искачи на европскиот трон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести