На меч во Унгарија играа четворица Македонци, имаше и пенал, но средбата заврши 0-0

Дебрецен и Залаегерсег освоија по еден бод, откако во интересен меч од унгарската лига одиграа 0-0, а на терен имаше четворица македонски интернационалци.

Во домашниот тим играа браќата Давид и Доријан Бабунски, додека кај Залаегерсег настапија Серафимов (во финишот доби жолт картон) и Миловановиќ. Дебрецен беше поблиску до победата, бидејќи во 62-ра минута за нив беше досуден пенал, но Џуџак не успеа да го реализира.

- Оглас -

Најнови вести