На Меси му треба хет-трик против Атлетико за да го стигне Пеле!

Атлетико Мадрид ја пречекува Барселона во дербито на шпанската Примера дивисион. Капитенот на Барселона, Лионел Меси со нетрпение го очекува овој меч и тоа од повеќе причини. Првата е тоа што ова ќе биде јубилеен 800 натпревар за аргентинскиот виртуоз во дресот на Барселона, а за неговите досегашни успеси со каталонскиот клуб може да прочитате ТУКА.

Втората причина зошто Меси со мерак го чека овој дуел е бидејќи Атлетико е неговиот омилен противник. Лео досега има одиграно дури 41 средба против Јорганџиите, а има постигнато дури 32 голови. На ниту еден друг противник Меси нема постигнато толму многу погодоци.

Доколку продолжи гол-шоуто на Меси и вечерва, може да очекуваме Аргентинецот д го достигне рекордот на Пеле. Легендарниот Бразилец речиси целата кариера ја помина во дресот на Сантош и вкупно подтигна 643 голови. Меси во дресот на Барселона досега има дадено 640 голови, што значи дека ако вечерва постигне хет-трик во Мадрид, ќе го израмни рекордот на Пеле.

Меси има многу мотиви да одигра на најдобро ниво, но сепак Атлетико е тим кој тешко губи, посебно на свој терен, па ќе биде интересно да и да се прогнозира во Sport Life за конечниот исход.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести