Спектакуларно достигнување на волшебникот – Денеска во Мадрид Меси станува специјална класа-800

Лионел Меси е подготвен за специјален јубилеј и 800. меч во дресот на Барселона и тоа во Мадрид, денеска на големото дерби со Атлетико.

Човекот што знае само за еден клуб и е во Барселона од 2001, или скоро две децении денеска ќе слави на „Ванда Метрополитано“, терен што го освои лани со гол во 86. минута за победа на Каталонците од 1:0.

Аргентинецот вечерва од 21 часот повторно ќе биде главниот адут на гостите за победа на Барселона и прв пораз во Ла Лига на Атлетико.

Јубилејот е волшебен, 800 меча за ист тим имаат само уште неколку фудбалери во историјата на играта, а Меси е со најмногу натпревари во клупската историја пред Чави и Иниеста.

Успесите со Барселона се импресивни за Аргентинецот, а има освоено дури 34 трофеи. Десет се шампионски во Ла Лига, четири пехари има од Лигата на шампионите, 7 пати му се радуваше на трофејот во Копа Дел Реј, а има еден повеќе во Суперкупот на Шпанија.

По трипати ги освојуваше пехарите на УЕФА и ФИФА во Суперкупот на Европа и на Светскиот клупски куп.

Индивидуалните признанија се уште повеќе, а најзџначајните се седумтте Златни топки, уште шест за најдобар стрелец во Европа, а беше биран и за најдобар фудбалер на година и од УЕФА и од ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести