На Милан подобро му оди во ЛШ отколку во Серија А (Видео)

Каљари и Милан одиграа спектакуларен меч од Серија А кој заврши 3-3. Домашните водеа со 1-0, па Росонерите имаа 2-1 и 3-2, а последниот збор го имаше Габриеле Ѕапа кој во 89-та минута со феноменален волеј ги матираше гостите и им скина два бода.

Сега Милан е седми со седум бода негатива зад лидерот Наполи. За Каљари ова е голем биде со кој ја прекинаа серијата од три порази едноподруго. Ѕапа е првиот дефанзивец по легендата Ханс Петер Бригел од 1986 година кој дал два гола против Милан на еден меч од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести