Навивачите на Пари Сен Жермен ја прославуваат победата во Лондон која ги доближи до пласман во финалето на Лигата на шампионите, а фановите на парискиот тим забележаа дека меѓу нив има и едно добро познато фудбалско име.
Станува збор за Хавиер Пасторе. Аргентинецот играше за ПСЖ од 2011 до 2018 година и одигра речиси 200 натпррвари во дресот на Светците. За разлика од неговиот сонародник Лионел Меси, на Пасторе му се допаѓал престојот во Париз и остана фан на клубот и после заминувањето од таму.