На неодредено време прекинато и македонското кошаркарско првенство!

Кошаркарското првенство во Македонија е одложено на неодредено време, соопштија челниците на КФСМ. Причина за одложувањето е пандемијата со Коронавирусот.

„Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на Коронавирусот (COVID-19), како и препораките на Владата на РСМ и Светската здравствена организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на КФСМ објавува дека сите натпревари во организација на Федерацијата од денеска, четврток, 12 март 2020 година се одложуваат на неодреден временски период. КФСМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи“, стои во одлуката на Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести