Њукасл со 4:1 го победи Брајтон во меч од заостанатото 25-то коло во Премиер лигата. Со овој триумф, Њукасл стигна до 69 бода, зацврстувајќи се на третото место на табелата и сега останува во последните две кола само теоретски да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Брајтон остана на 58 бода, што е доволно за шестото место на табелата и уште се бори за излез во Лигата на Европа.
Голгетерот на Брајтон, Дениз Ундав беше ѕвезда на вечерта. Во 22-рата минута тој си постигна автогол, кој може да го видите ТУКА. Потоа Њукасл зголеми на 2:0 преку Бурн.
На почетокот на второто полувреме, Ундав постигна гол, овојпат во вистинската мрежа и донесе радост за Брајтон, а тоа може да го видите ТУКА. Ундав е првиот Германец, но и прв играч на Брајтон кој успеал на еден дуел од Премиер лигата да постигне гол и автогол.
Во завршницата од мечот, Њукасл со два гола преку Вилсон и Гимараиш го потврди триумфот на домаќините. Во последните две кола на Њукасл му е доволно да победи само еднаш за и официјално да биде промовиран во клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.