Манчестер јунајтед со головите на Каземиро и Лук Шоу води со 2-0 на половина час до крајот на средбата против Борнмут од Премиер лигата, а доста коментари предизвика еден потег на навивачите пред мечот.
На трибините на „Олд Трафорд“ се појави аргентинско знаме со месарски нож во средината, каде што е белата боја.
За тие што не знаат, со ова му беше честитка за светската титула на дефанзивецот Лисандро Мартинес, чиј прекар е „касап“.