2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

На Онана му е одлично во Турција: „Ова е најдобриот период во мојот живот“

Камерунскиот голман, Андре Онана, на почетокот на септември направи трансфер од Манчестер јунајтед во Трабзонспор и како позајмен ќе остане во Турција до крајот на оваа сезона. 29-годишниот чувар на мрежата, вели дека се чувствува одлично во новиот клуб и го живее најдобриот период во неговиот живот.

„Многу сум среќен, верувајте ми. Го живеам најдобриот период од мојот живот. Не можам да се жалам, многу сум среќен тука. Понекогаш се возам и некој автомобил ќе ми го пресече патот. ‘Онана, застани, сакам да се фотографираме’. Си велам: ‘Да, но тоа може да се изведе и на друг начин’. Но, кога ќе ме видат, среќни се, па среќен сум и јас. На почетокот ми беше тешко, но сега ги разбирам. Тие се мои луѓе, ги сакам и го сакам тоа чувство. Многу се страствени за фудбалот. Тоа е прекрасна работа. Тоа не може да се опише ако не сте тука. Времето кое го минувам тука е совршено за мене. Среќен сум што сум тука. Ова е друг начин на живот, но е одличен. Навистина неверојатно, чудесно.“ – вели Онана.

Камерунецот налето ќе мора да се врати на „Олд Трафорд“ со оглед на фактот дека неговиот договор со Манчестер јунајтед е со важност до 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести