Во шпанското фудбалско првенство, популарната Ла Лига, на осумте меча кои се одиграа викендов од првото коло во новата сезона не победи ниту една домашна екипа.
Вечерва треба да се одиграат последните две средби, во кои Кадис е домаќин на Алавес, а Атлетико Мадрид ја пречекува Гранада. Кадис и особено Атлетико важат за фаворити според квотите во Sport Life и би било изненадување ако нема ниту еден „кец“ во воведното коло од првенството.
Досега во историјата на шпанската лига само трипати се случило да нема победа на домашен тим во цело коло, па ако не успеат ниту Кадис и ниту Атлетико, ова прво коло од сезоната 2023/2024 ќе влезе во историјата како едно од најнеобичните и најнеуспешни за клубовите домаќини.