На ова место ќе се игра ЕП 2028: Во моментов е напуштена руина, а се очекува да биде гордоста на Белфаст (Фото)

Наскоро се очекува УЕФА и официјално да им ја додели организацијата на Европското првенство во 2028 година на Велика Британија и Ирска. Тоа би значело дека домаќини ќе бидат вкупно пет репрезентации, односно Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска како дел од Обединетото Кралство, како и селекцијата на Ирска.

Веќе се познати 10-те стадиони на кои ќе се игра континенталниот собир. Осум од нив веќе постојат, а два допрва треба да се изградат. Тоа се стадионите на Евертон во Ливерпул и „Кејсмент парк“ во Белфаст, главниот град на Северна Ирска.

Токму овој стадион привлече големо внимание во фудбалската јавност бидејќи во моментов е напуштена руина и веќе 10-тина години на него не се одржуваат спортски настани. Сепак, планот е тука да биде изградено модерно здание кое ќе собира 34.500 гледачи.

Останатите осум стадиони на кои е планирано да се игра Европското првенство во 2028 година се „Вембли“ и стадионот на Тотенхем во Лондон, стадионот на Манчестер сити, „Етихад“, домот на Њукасл „Ст. Џејмс парк“ и „Вила парк“ во Бирмингам во Англија.

Велс ќе биде домаќин на Националниот стадион во Кардиф, Шкотска со стадионот на Глазгов ренџерс, „Хемпден парк“, и Ирска со „Даблин арената“ во главниот град Даблин.

- Оглас -

Најнови вести