22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

На Португалецот му беше доста една сезона во Саудиска Арабија, се враќа во Барселона

Спортскиот директор на Барселона, Деко, сака да ангажира нов десен бек за следната сезона, а изборот падна на неговиот сонародник, кој веќе го има носено дресот на „каталонците“, Жоао Кансело.

Португалецот беше дел од Барселона во сезоната 2023/24 и тоа како позајмен од Манчестер сити, а откако му заврши позајмицата и се врати во редовите на „граѓаните“, беше продаден за 25 милиони евра на Ал-Хилал.

Сепак, се чини дека неговиот престој во Саудиска Арабија ќе трае само една сезона и тој повторно ќе го облече дресот на Барселона. „Каталонците“ за Кансело ќе мора да платат 15 милиони евра на Ал-Хилал ако сакаат да го ангажираат.

- Оглас -

Најнови вести