Лионел Меси со емотивна порака го испрати својот добар пријател Серхио Агуеро во фудбалска пензија. Агуеро мораше предвреме да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето. Фудбалерот кој се стекна со светска слава во дресот на Манчестер сити, кариерата ја заврши во дресот на Барселона, а Меси, меѓу другото, му порача на Серхио дека заедно поминале многу мигови кои ги направиле и повеќе од пријатели.
На постот на Меси имаше илјадници пораки за поддршка на Агуеро, а меѓу сите коментари еден пост кој „бодеше очи“. Девојката на Кристијано Роналдо, манекенката Георгина Родригес, реши да напише порака на постот на Меси, но наместо тоа да биде наменета за Агуеро и Меси, Георгина напиша „Роналдо е најдобар“.
Овој коментар предизвика бурни реакции и според многумина не му е местото на постот кој Меси го посветил на својот пријател Агуеро. Во дел од коментарите кои беа реакција на постот на Георгина еден вели: „Роналдо е најдобар, но немој да му кажуваш на Кристијано“, поентирајќи дека вистинскиот Роналдо е Бразилецот Луис Назарио дe Лима.