35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

На повидок е дуел на Роналдо против Меси, и тоа уште на 18-ти или 19-ти јануари!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најпопуларните фудбалери на светот, тие со своето ривалство и бркање на рекорди ги одбележаа последните 15-тина години, а во последно време ретко играат еден против друг, бидејќи се во различни лиги.

Роналдо вчера потпиша за саудиски Ал Наср, а уште на 18-ти или 19-ти јануари (датумот наскоро треба да биде прецизиран), би можел да го нагости Лионел Меси. Пари Сен Жермен има закажано пријателски меч со ѕвездите на лигата од Саудиска Арабија, тоа ќе биде комбиниран тим со најдобрите играчи од Ал Хилал и Ал Наср.

Овој меч требаше да се игра лани, но поради Ковид пандемијата, парижаните го одложија патувањето. Ако нема нешто непредвидено, Меси треба да биде во составот на ПСЖ, а Роналдо во ол-стар тимот од Саудиска Арабија, па светот можеби и за последен пат ќе има прилика да ги види легендите еден против друг.

- Оглас -

Најнови вести