На повидок голем скандал, уредникот на „Франс фудбал“ примал подароци за Меси да добие „Златна топка“

Некогашниот главен и одговорен уредник на „Франс фудбал“, Паскал Фере, се наоѓа во центарот на голем скандал. Тој е под истрага дека примал разни подароци од Пари Сен Жермен, за Лионел Меси да има олеснет пат до освојување на „Златната топка“.

Меси е осумкратен освојувач на наградата за фудбалер на годината, но има и такви кои сметаат дека Аргентинецот не ги заслужил сите осум. Под истрага е прогласувањето во 2021 година.

Фере е осомничен дека во 2020 и 2021 година, добивал порадоци од ПСЖ за да „влече“ на страната на Меси кој тогаш беше играч на париските Светци. Меси во 2021 ја доби наградата, според многумина незаслужено, бидејќи се очекуваше признанието да го добие Роберт Левандовски кој требаше да добие во 2020, но во таа година поради коронавирусот, „Франс фудбал“ не додели „Златна топка“, а и во 2021 Полјакот беше одличен, постави рекорд по број на голови во Бундеслигата.

А, интересно е дека сега Фере е вработен во ПСЖ како одговорен за односи со јавност, веројатно како благодарност за послушноста пред три години.

- Оглас -

Најнови вести