На повидок нов конфликт на релација Меси-Бартомеу, а причина за тоа е платата на Аргентинецот

Лионел Меси мораше да остане и оваа сезона во Барселона откако не доби дозвола да си замине. Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, потенцираше дека Меси можеше да си замине само ако некој клуб платеше неверојатни 700 милиони евра, па тоа нормално и не се случи.

Меси јавно го искритикува Бартомеу нарекувајќи го неспособен да ја води Барселона, но дека останал затоа што не можел на суд да оди против својот омилен клуб. Сега се најавува дека Бартомеу сака да има состанок со Меси за да го убеди Аргентинецот да прифати намалување на платата.

Поради пандемијата со корона-вирусот, Барселона бележи загуба од 98 милиони евра и сега се наоѓа во финансиска криза. Бартомеу смета дека Меси како капитен ако реши да прифати да ја намали платата, тоа ќе го следат и останатите фудбалери.

Сепак, прашање е колку Меси би се слогласил да му направи услуга на човекот поради кој сака да си замине од клубот во кој ја помина целата досегашна кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести