1009 Манчестер сити – Астон Вила (17.30 часот)
После двата порази во претходните четири кола, актуелниот англиски првак веќе нема право на киксеви ако сака да си ги продолжи шансите за нова титула. Вила е 11-та и нема да биде симната подолу во случај на пораз од Граѓаните. Сити е најефикасен тим во Премиер лигата и можеби вечерашниот дуел со Астон Вила ќе биде ефикасен како оној лани во мај кога на „Етихад“, мечот заврши 3-2 за домашните кои тогаш губеа со 0-2, но направија пресврт. Есеноска во Бирмингем беше 1-1, што укажува дека Вила е незгоден противник, па и кога губи, тоа е минимално.
Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.40)
1809 Келн – Ајнтрахт (17.30 часот)
Келн има серија од три нерешени игри по ред, тие се тим со најмногу ремија во Бундеслигата сезонава (8 нерешени во 19 кола), а последен пат загубија во ноември. Ајнтрахт кој се бори за место во европските купови, е вториот најефикасен тим во лигата, а во последните пет кола имаат две победи и три нерешени. Тимот од Франкфурт, четири месеци не знае за пораз на гостински терен. Традицијата вели дека кога овие два тима играат во Келн, тоа се мечеви со 0-2 гола. Во 2016 последен пат било со 3+ голови, а летоска во Франкфурт, одиграа 1-1.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.50)
3007 Јувентус – Фиорентина (18.00 часот)
Фиорентина е во криза, освои само еден бод во последните четири кола, но засега не е загрозена од можност за испаѓање. Јуве после одземањето на 15 бодови, е во средина на табелата, и не му останува ништо освен да победува што е можно повеќе и да чека евентуална судска пресуда во нивна полза со која би им се вратиле бодовите. За фановите на Виолетовите, Јуве е најомразен ривал, но мотивацијата не е секогаш доволна за изненадување. Во 2010 година последен пат било нерешено на нивните дуели во Торино.
Предлог тип: 1 (1.90)
1541 Спортинг – Порто (19.00 часот)
Порто со победа во ова дерби, би дошол на пет бода негатива во однос на Бенфика и би продолжил со трката за титулата. Спортинг е на седум бода минус зад Порто, титулата е недостижна за Лавовите од Лисабон, но Спортинг има серија од три победи по ред, и тие се тим со само две ремија во 19 кола. Порто ја има најцврстата одбрана во португалската лига, во последните три кола победуваше без примен гол.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.94)
1308 Вилјареал – Барселона (21.00 часот)
Барселона гази годинава, убедливо е прва, а има примено само седум гола на 20 меча. Вилјареал е во мини-криза, загуби во последните две кола, но ќе најдат мотивација за да дадат отпор против големиот противник. Жолтата подморница на свој терен нема победа над Барселона уште од 2007 година. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи во предградието на Валенсија, завршуваа со 3+ голови и погодоци во двете мрежи.
Предлог тип: 2 & 2-5 (2.25)