Серхио Рамос, Лука Модриќ и Начо, се тројцата фудбалери на Реал Мадрид кои вечерва на дуелот со Алавес треба да избегнуваат ризични ситуации и добивање на картон, бидејќи тоа би значело неиграње на градското дерби со Атлетико следниот викенд.
Рамос е капитен и изведувач на пенали, командант на одбраната, а Модриќ е „мозокот“ на средниот ред на европскиот првак, и лошо би било ако не бидат во можност да настапат на тешкото гостување кај Атлетико.
На дуелот со Алавес нема да играат Рафаел Варан, Дани Карвахал и Тони Крос, па тие би можеле да бидат замените доколку некој од тројцата „загрозени“, вечерва пожолти или поцрвене. Но, Рамос и Модриќ се незаменливи за Реал, имаат најголема минутажа, играта зависи од нив. Рамос е и трети најефикасен играч по Карим Бензема и Герет Бејл.
Вечер Реал во нападот ќе тргне со ББВ (Бензема, Бејл, Винисиус) кои заедно играле само 21 минута. Бејл не постигнал гол на „Сантијаго Бернабеу“ уште од 19 септември и има мотив да го прекине постот.