Реал Мадрид синоќа се спаси од пораз на гостувањето кај Елче, а головите за Елче ги постигнаа Фебас и Алваро Родригес, двајца поранешни членови на академијата на Кралскиот клуб.
За Реал не е ништо ново да прима голови од свои некогашни играчи, Алваро беше и во првиот тим, има дадено гол во дерби против Атлетико, но ова синоќа беше нешто ново. Првпат во историјата Реал на лигашки меч прими два гола од свои поранешни членови. Досега тоа се немаше случено.
Многу фудбалери не беа добри за да играат за Реал, таква беше проценката, но кога играат против Реал, повеќето од нив покажуваат дека и не биле за фрлање. Најдрастичен пример беше со Самуел Ето, но има и многу други, меѓу кои се и актуелните играчи на Елче кои синоќа му скратија на својот некогашен клуб два бода во трката за титулата.


