На „Ролан Гарос“ нема да биде можно финале помеѓу Надал и Ѓоковиќ?!

Годинава на грен-слем турнирот „Ролан Гарос“ кој се игра на земјена подлога во Париз, може да се случи двајцата главни фаворити Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, меѓусебе да играат уште во полуфиналето. Лани Рафа и Новак се сретнаа во финалето, но сега Шпанецот ќе биде трети носител, Србинот прв, па може да имаат дуел и во евентуално полуфинале, а тоа ќе се знае после ждрепката.

Надал е апсолутен господар на „Ролан Гарос“ со неверојатни 13 титули, лани во финалето го растури Ѓоковиќ, па за Новак не би било пријатно ако треба да игра во полуфинале со Надал, бидејќи ако загуби, би загубил и доста поени.

- Оглас -

Најнови вести